Владимир Мирковски од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Работнички, откако овој стручњак потпиша двогодишен договор како предводник на „центарци“. Условите за соработка беа договорени уште пред извесно време, за денеска и официјално да биде потпишан договорот меѓу Мирковски и Работнички, на средбата на која присутен беше и директорот Горан Веселиновски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Работнички е клуб ...
Анадолу Ефес го официјализираше ангажманот на Игор Кокошков како нов шеф на стручниот штаб. Српскиот стратег потпиша тригодишен договор со турскиот евролигаш и ќе ја предводи екипата во новата сезона. Кокошков беше прв избор на раководството на Ефес веќе подолг период, но по заминувањето на Чави Пасквал од Зенит, се појавија шпекулации дека и Шпанецот е во игра за клупата на истанбулскиот гигант. Сепак, клубот ја исполни првичната замисла и му ...
Кошаркарскиот клуб Работнички има нов тренер, во името на Владимир Мирковски. Искусниот стратег доаѓа на местото на Горан Самарџиев, кој го водеше тимот во изминатиот период. Мирковски потпиша двегодишна соработка со тимот на Работнички, а доаѓа по повеќе годишното искуство во Србија, поточно последно во КК Војводина. Со ова КК Работнички врти една сосема нова страница во своето функционирање. Сега е на ред реконструкција на екипата, па потоа и ...
Најтрофејниот македонски кошаркарки колектив, Работнички го претстави новиот тренер на тимот. На местото на Горан Самарџиев на клупата на „центарци“ доаѓа Владимир Мирковски. „Работнички е клуб со богата историја и длабоки корени, но и со предизвици кои ги надминуваме заедно. Верувам дека со новиот стручен тим и новата сала, повторно ќе бидеме меѓу водечките имиња во македонската и регионална кошарка“, рече градоначалникот на Општина Центар, ...