На најголемиот пазар на обврзници во светот, американскиот, инвеститорите почнуваат да се бунтуваат околу планот на претседателот Доналд Трамп за намалување на даноците. Во средата, тие ги зголемија приносите на 30-годишните американски обврзници до 5,1 отсто, доведувајќи ги на праг на највисоко ниво во последниве две децении, што предизвика пад на акциите и на доларот – токму во момент кога претставници на администрацијата се сретнаа со ...

Милијардерот и инвеститор Реј Далио во четвртокот повторно предупреди за растечкиот долг и буџетскиот дефицит на САД, велејќи дека тоа треба да ги загрижи инвеститорите во државни обврзници. „Мислам дека треба да бидеме загрижени за пазарот на обврзници“, рече Далио на настан на Медиумскиот совет на Пејли во Њујорк. „Тоа е како… Јас сум доктор, гледам пациент и велам: го имате ова натрупување и можам да ви кажам дека е многу, многу сериозно, но ...

Претседателот Доналд Трамп постигна договор со републиканците од „сините држави“ (американски сојузни држави каде што предоминантно се гласа за демократите, н.з.) за даноците и во последен момент стави крај на 11-часовната побуна од страна на конзервативците околу трошењето, за да го протурка својот „голем, прекрасен закон“ во Претставничкиот дом. Но, ако сака овој најзначаен законодавен пакет од својот втор мандат да помине и во Сенатот, ...

Пазарот на обврзници, кој е дефинитивно неатрактивен, обично е доста тивок. Но, кога сакаат, инвеститорите во обврзници можат да испратат гласна и јасна порака до Вашингтон. Токму тоа го направија во четврток. Аукцијата на 20-годишни обврзници што ја одржа Министерството за финансии на САД во среда беше исполнета со невообичаено слаба побарувачка. Според податоците од Министерството за финансии, инвеститорите кои ги купиле обврзниците барале ...