Српската спортска јавност е едногласна во мислењето дека селекторот Светислав Пешиќ е главен виновник за катастрофалната елиминација од Финска на Евробаскет 2025. Искусниот стратег пред една година беше опишуван како „генијалец“ по бронзата на ОИ во Париз и неверојатниот меч против американскиот дрим-тим, но за една година буквално се се промени. Повеќе од извесно е дека Пешиќ нема да остане ан функцијата, но тој јасно стави до знаење дека ...

Кошаркарската репрезентација на Србија се врати во Белград, а селекторот Светислав Пешиќ се обрати пред новинарите на аеродромот „Никола Тесла“. На прашањето за можноста за оставка, Пешиќ одговори решително: „Јас оставка никогаш не давам. Зошто би ја давал? Дојдов тука за да го направам она што го направив. Кога никој не сакаше, јас го прифатив затоа што чувствував одговорност кон играчите. Имаме договор до крајот на септември, ќе седнеме, ќе ...

Српската кошаркарска репрезентација денес пристигна во Белград откако беше елиминирана од Финска во осминафиналето на Европското првенство во Рига. Во саботата „Орлите“ го завршија учеството на Евробаскетот со пораз од финската репрезентација со резултат од 92:86. На аеродромот, се обрати селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, пред медиумите, кој започна со сумирање на своите впечатоци од турнирот во Летонија. „Имаше апсолутна посветеност и ...