Депонијата што територијално не е дел од Аеродром, а за која надлежност има само и само Град Скопје – Вардариште, го труе пола град, вели денеска во Фејсбук објава градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Знам колку е голема вашата загриженост – затоа што ја делам истата мака. И јас и моето дете го дишеме истиот загаден воздух.Но мора да кажеме јасно: 8 години негрижа од Град Скопје ја доведоа депонијата до колапс. 8 години молк, ...

Депонијата „Вардариште“, по пожарот што ја зафати викендов, сѐ уште чади, загадува и го загрозува здравјето на жителите од околните населби. Поради тоа, граѓаните од Аеродром и Ново Лисиче решија со протести да го искажат своето незадоволство од децениската негрижа на надлежните, со надеж дека ќе ги натераат институциите да најдат трајно решение за овој проблем. Препорачано Тие вчера одржаа еден протест, кој беше набрзина организиран, но како ...

Граѓаните бараат одговорност и итно решавање на проблемот, предупредувајќи дека на локацијата има преку 2 милиони кубни метри отпад што претставува сериозен ризик за здравјето и за животната средина. Жителите на Гази Баба велат дека во спротивно ќе бидат принудени на блокади и граѓанска непослушност, а аеродромци веќе повикуваат на протести и тоа помеѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, пред мостот „Киро Глигоров“. Тие најавуваат дека протестите на ...