Во Галеријата на Детскиот ликовен центар при Кинотеката на Република Северна Македонија, во четврток, на 30 октомври 2025 година, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена групната изложба со наслов „Кога би насликал зборови“. На изложбата ќе учествуваат единаесет академски ликовни уметници од општината Карпош, кои преку своите дела ќе ја истражат врската меѓу зборот и визуелниот израз. Експозицијата претставува спој на различни стилови, поетики ...
Настанот има за цел да ја афирмира уметничката сцена на Карпош која воедно е и покровител на оваа изложба и да ја истакне креативната енергија која постои во оваа средина. Изложбата е организирана од Детскиот ликовен центар, кој со својата галерија овозможува простор за промоција и поврзување на уметниците од различни генерации. Изложбата „Кога би насликал зборови“ ќе биде отворена за посетители на 30 октомври. Отворањето е закажано за 19 часот ...

