Определени 30 дена притвор за бизнисменот Ратко Капушевски - сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Од Кривичниот суд информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот Асмир Јахоски - сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување ...
Притвор и за Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд денеска на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари. Јахоски е еден од осомничените во истрагата за злоупотреба на тендер за набавака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј. , а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на ...