Ракометарите на Е. Пелистер забележаа победи над Вардар на последните два меча одиграни летово, најпрвин во Охрид, а потоа и на регионалниот турнир Скопје 2025. Големите ривали утре во Кавадарци ќе водат нова битка, но овојпат за трофејот од Супер-купот на Македонија. Стратегот на битолчани, Рубен Гарабаја, ги предупреди своите ракометари дека претходните победи немаат речиси никакво значење бидејќи утрешната борба за трофеј би требало да го ...

Тренерот на Е. Пелистер, Рубан Гарабаја пред утрешниот Суперкуп натпревар со Вардар потенцираше дека се уште е почеток на сезоната и не може да се очекува екипите во овој меч да влезат комплетно подготвени. „Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди. Тоа што се случи се до денес – веќе не е важно. Вистинското ...