Вечерва, на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), поради несреќата, сообраќајот од 20:10 часот е пренасочен по стариот пат што води од Битола кон Прилеп. Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на несреќата, а увидната екипа работи ...
Сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп од 21:45 часот вечерва е нормализиран, соопшти АМСМ. Претходно оттаму информираа дека поради случена сообраќајна незгода во која имало жртва, сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на местото наречено „Беровци“ е пренасочен на стариот пат. ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично ...