На првиот ден од новата година и нова инвестиција. За љубителите на зимските спортови, од денеска отворен е новиот скијачки центар „Михајлово“ и првата скијачка патека наречена „Македонија“. Снег на Кожув има, а скијачкиот центар се наоѓа на 35 километри од Кавадарци. Ресортот располага со ресторанско, хотелско и индивидуално сместување. „Ова е прва стаза меѓутоа со тек на време за тука се замислени да се прават уште две стази. Не магаломански ...
Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост – рече вчера премиерот ...
Ски центар ,,Михајлово” денеска беше официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, четириесетина километри од градот Кавадарци. Има ски лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица. – Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини, ...