Лидерот на војската на Мјанмар во телефонски разговор му соопштил на малезискиот премиер Анвар Ибрахим дека во земјотресот загинале околу 1.700 луѓе. Тој додаде дека се проценува дека се повредени околу 3.400 лица, додека потрагата по приближно 300 исчезнати лица се уште е во тек. Тој, исто така, истакна дека бројот на загинати може дополнително да се зголеми. Спасувачките екипи се уште работат на местото на урната катна зграда во Мандалеј, во ...
Расте бројот на загинати по земјотресот во Мјанмар. Меѓународните спасувачи со тешка механизација се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе под урнатините. Уништената инфраструктура и екот на граѓанската војна дополнително ја отежнуваат помошта. УНИЦЕФ бара итно финансирање за да се зголеми испораката на помош за спасување животи. „Овој земјотрес е уште еден брутален удар за децата во Мјанмар. Тоа е криза над сите кризи. Итно се потребни ...