Свет

Најмалку 1.700 мртви и 300 исчезнати во Мјанмар

Лидерот на војската на Мјанмар во телефонски разговор му соопштил на малезискиот премиер Анвар Ибрахим дека во земјотресот загинале околу 1.700 луѓе.

Тој додаде дека се проценува дека се повредени околу 3.400 лица, додека потрагата по приближно 300 исчезнати лица се уште е во тек.

Тој, исто така, истакна дека бројот на загинати може дополнително да се зголеми.

Спасувачките екипи се уште работат на местото на урната катна зграда во Мандалеј, во близина на епицентарот на земјотресот. Локалната противпожарна служба извести дека 29 лица се спасени од урнатините.

Официјални лица, исто така, потврдија дека се извлечени девет тела. Вчера 30-годишна жена била извлечена жива од урнатините откако била заробена околу 30 часа.

Комплексот Sky Villa е познат станбен проект од 11 ката во Мандалеј, составен од четири згради, од кои три се урнаа во земјотресот. Вчера, претставник на Црвениот крст изјави за АФП дека повеќе од 90 луѓе може да бидат заробени во зградите.

Тајланд објави нов биланс на загинати на градилиште во Бангкок.

Единаесет лица загинаа, од кои осум се мажи, а три се жени. Пронајдени се уште девет повредени лица, а потрагата по голем број исчезнати лица се уште трае.

Телото на уште еден маж наводно било извлечено денеска од урнатините, но тоа не е потврдено, а спасувачите се обидуваат да спасат жена која е жива, но заробена под урнатините.

На почеток