ПСЖ е новиот европски фудбалски владетел, откако со убедливи 5-0 буквално го растури Интер во финалето од Лигата на шампионите во Минхен. Ова е најубедливата победа во едно финале од Лигата на шампионите, натпреварување кое своите почетоци ги имаше во 1955 година. Истовремено, Интер доживеа историска брука како никоја екипа претходно. Ниту едно финале од она првото во 1956 година, па се до она од минатата сезона, не завршило со разлика од пет ...
ПСЖ е нов европски клупски шампион, а до првата европска титула во клупската историја стигна со доминација на теренот и пет голови во мрежата на Интер. Францускиот состав предводен од Луис Енрике ги воодушеви фудбалските фанови и изнуди многу комплименти од сите страни, а стручните коментатори на најголемите медиуми посебно го истакнаа начинот на кој ПСЖ одигра и победи во Минхен. Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Нидум Онуоха, кој често ...
Пари Сен Жермен ја освои Лигата на шампиони на доминантен начин, со убедлива победа од 5-0 над Интер во финалето одиграно вечерва во Минхен. Иако не им беше приоритет вечерва, парижани заработија огромни пари и од бонусот од УЕФА што ќе им се слее во касата. „Светците“ ќе инкасираат околу 150 милиони евра, што е најголемата сума за еден клуб во една сезона во Лигата на шампионите. Со пласманот во финалето, ПСЖ и Интер ги надминаа минатогодишните ...