Утрово, во близина на ООУ „Киро Глигоров“ во скопски Центар, падна високо дрво, а за среќа нема повредени. Сообраќајот во тој дел од градот, по улицата „Васил Ѓоргов“ е во колапс. Службите дојдоа и го исекоа дрвото на помали трупци и го отстрануваат од местото. Сепак, негрижата за состојбата на дрвјата низ главниот град останува загрижувачка. Има многу дрва кои се стари, болни, исушени, а сѐ уште стојат покрај училишта, градинки, јавни згради и ...

Паднато дрво утрово го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот за рехабилитација. Настанот предизвика метеж, а учениците биле приморани да кружат и да влегуваат од задниот влез на училиштето. Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“. ...

Дел од улицата „Козара“, како што велат од Општина Центар, ќе биде непроодна за возила се додека не се отстранат дрвјата Паднати дрвја на улицата „Козара“ во скопската населба Капиштец утринава ја затворија за сообраќај. Дрвјата се паднати на улицата што поминува покрај училиштето „Киро Глигоров“ и води кон Заводот за физикална медицина и рехабилитација. Од Општина Центар велат дека екипи на јавните претпријатија „Паркинзи на Општина Центар“ и ...