Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да има столче повеќе во Владата за коалицијата Вреди, откако од таму рекоа дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, но не споменаа дали тој или не кој друг ќе биде министер за животна средина, на местото на Изет Меџити кој доби мандат како градоначалник на Чаир. „Јас имам високо мислење за Беким Сали но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет. Реконструкција ќе ...

Вреди нема да добие ресор повеќе во владата откако Изет Меџити стана градоначалник повторно на Чаир тврди премиерот Мицкоски. За Беким Сали кој треба да дојде на местото на Меџити премиерот само додаде дека има добро мислење за него но тоа не значи дека коалицискиот партнер Вреди ќе добие повеќе министерства, а она на што остануваат фокусирани ќе биде конгресот на 6 декември, a потоа ќе се цртаат и контурите на реконструираниот владин состав ...

Најавената реконструкција на Владата можно е да предизвика судир помеѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за министерските позиции. Вреди атакува на уште едно министерско место, односно освен прв вицепремиер, да го задржи и ресорот животна средина, додека премиерот Христијан Мицкоски смета дека нема потреба од ресор повеќе за Вреди. Ова, пак, дополнително може да предизвика несогласувања во Вреди при распределбата на министерските позиции ...