Европската Унија нема намера да го оживее увозот на руски енергетски производи дури и по потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија, изјави европскиот комесар за енергија, Ден Јоргенсен, пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за енергија на ЕУ во Варшава. „Повеќе нема да дозволиме енергијата да се користи како оружје против нас. Нема индиректно да ги полниме воените каси на Путин. Донесовме одлука да го прекинеме увозот ...
Цените на нафтата паднаа за околу 2 долари во четвртокот поради можноста за нуклеарен договор меѓу САД и Иран што би можел да ги ублажи санкциите, додека изненадувачкото зголемување на залихите на сурова нафта во САД минатата седмица ги зголеми загриженостите на инвеститорите за прекумерна понуда. На лондонскиот пазар, со барелот сурова нафта се тргуваше по пониска цена од 1,54 долари, од 64,58 долари. На американскиот пазар, со барел сурова ...
Цената на нафтата падна втор ден по ред откако беше објавен извештајот дека Иран е подготвен да се откаже од нуклеарно оружје во договор со САД во замена за олеснување на санкциите. Брент нафтата падна под 65 долари за барел, намалувајќи се вчера за 0,8 проценти, додека ВТИ нафтата (WTI – West Texas Intermediate) се тргуваше близу 62 долари. Иран е подготвен да потпише договор под одредени услови, објави „Ен-би-си“ (NBC), цитирајќи го Али ...
Цените на нафтата паднаа во средата, бидејќи трговците очекуваа официјалните податоци да покажат скок на залихите на сурова нафта во САД, додека OPEC ја намали својата прогноза за раст на понудата на нафта за производителите кои не се членки на групацијата OPEC+. На лондонскиот пазар цената на барелот сурова нафта падна за 75 центи, на 65,88 долари. На американскиот пазар, со барелот сурова нафта се тргуваше по пониска цена од 75 центи, од 62,92 ...