Акциите на берзите во Азија денеска бележат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп. Тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање. Јапонскиот индекс Nikkei потона на почетокот на тргувањето на берзата во Токио за повеќе од 8%. Тој индекс, што ...
Додека финансиските пазари ја поздравуваат паузата на претседателот Доналд Трамп за повисоките царини за десетици трговски партнери, американските даноци на увоз сè уште се на историски највисоки нивоа, а рецесијата во САД сè уште е ризик, велат економистите. Трамп вчера ги намали царините за земјите што претходно беа погодени со повисоки давачки на основната стапка од 10 отсто, со исклучок на Кина, која се соочува со увозна давачка од 125 ...
Јапонскиот индекс Никеи 225 забележа едно од најстрмните искачувања, со 2.664,62 поени, или 8,4 проценти, до 34.378,65 околу еден час во утринското тргување. Тоа следеше по изјавата на Трамп дека некои царини ќе бидат привремено суспендирани, иако универзалната царинска стапка од 10 проценти ќе остане во сила за време на тримесечната пауза. Во меѓувреме, тој рече дека царините за кинески стоки дополнително ќе се зголемат на 125 отсто. Берзите ...