Обвинителството денеска го презентираше и движењето на возилото „рено кангу“ во Скопје на 27 ноември 2023 година, кога се случи убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Возилото во 6.29 часот е забележано кај Мавровка, од каде дошло од Бутел, а во него имало едно лице. Според снимките од безбедносните камери, возилото продолжило кон булеварот Гоце Делчев и кон мостот Гоце Делчев во 6.30 часот. Движејќи се по левата лента продолжило по булеварот ...

„За вакво сериозно обвинение што се поднесува, еве, можам конкретно да кажам за мојот штитеник Љупчо Палевски, Обвинителството треба да има докази. Денеска четири часа изгубивме за да гледаме како количиња се шетаат низ Скопје во магла и да ни објаснуваат како се движат по скопските улици. Сами видовте дека немаат преземено елемент на дејствие кое е предмет на кривично дело“, рече адвокатот Страшески во изјава за медиумите по завршувањето на ...

На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо најави дека на следното ќе побара изземање на Основното јавно обвинителство, кое денеска презентираше два сета на снимки од надзорни камери за движењата на возилата со кои управувале дел од обвинетите на клучните денови. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството ...