Струмица е домаќин на седумина ученици од Париз (Франција) предводени од нивен професор, кои денес беа гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов, заедно со директорот и професори од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица. Повод за престојот на француските ученици во е нивната мобилност, како дел од 14-дневна програма која вклучува учење преку работа во три струмички компании, а е резултат на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица ...
Седум ученици од Франција 14 денови престојуваат во Струмица и во три струмички компании реализираат практична работа преку учење. Како што соопштија од Општина Струмица, престојот на француските ученици е во рамките на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија. Таквата соработка меѓу двете ...