Регион

Учениците од Париз кои соработуваа со ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ на гости кај градоначалникот Костадинов

Струмица е домаќин на седумина ученици од Париз (Франција) предводени од нивен професор, кои денес беа гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов, заедно со директорот и професори од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.

Повод за престојот на француските ученици во е нивната мобилност, како дел од 14-дневна програма која вклучува учење преку работа во три струмички компании, а е резултат на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија.

Таквата соработка меѓу двете изнституции е воспоставена минатата година, преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица во реализираните Еразмус+ активности во стручното образование и обука.

Во исклучително позитивна атмосфера градоначалникот ги запозна гостите од Франција со спецификите на нашиот град и општина, а учениците ги споделија со него своите убави импресии од Струмица.

Препорачуваме:

Две лица тешко повредени во сообраќајка во Гевгелија

Ѓ. K.

Градоначалникот Костадинов готвеше со учениците од угостителско-туристичката струка во СОУУД „Димитар Влахов“

Ѓ. K.

Ситуацијата во Идомени пред ескалација