Во Белград денеска се одржува масовниот студентски протест „15 за 15“, најголемиот собир во поновата историја на Србија. Илјадници студенти, ученици и граѓани од целата земја се собраа во центарот на српската престолнина, барајќи одговорност за трагедијата во Нови Сад од ноември минатата година, кога 15 лица загинаа по уривање на настрешница на Железничката станица. Студентите и граѓаните бараат санкционирање на одговорните и транспарентен ...
Илјадници лица пристигнаа од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград на антивладините демонстрации во центарот на главниот град, откако владата се обиде да го попречи протестот со откажување на поаѓање на возови и автобуси и отежнување на патниот сообраќај со ненадејни работи. Улиците на центарот на Белград се преполни со луѓе, а во текиот на целито ден пристигнуваа нови групи демонстранти со национални знамиња и ...