Иако во моментов е на чело на табелата, на Македонија ѝ се даваат убедливо најмалку шанси за да остане таму. Имаме најмалку шанси и за втората позиција. Во најдобра позиција е Белгија која има 67 проценти шанса да го освои првото место, на Велс му се даваат 26,2 проценти, а на Македонија само 6,8. Се смета дека на втората позиција ќе заврши Велс кој има 45,6 проценти на шанси за тоа, Белгија е со 29 проценти, а Македонија со 25,3. 🇧🇪 Belgian ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент го игра еден од најзначајните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026, против фаворитот во групата – селекцијата на Белгија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски пристигнаа во Гент во средата, а синоќа одржаа официјален тренинг на стадионот каде што ќе се игра мечот. Македонија во дуелот влегува како првопласирана на табелата со 11 бодови од пет натпревари, додека ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20.45 часот во Скопје е домаќин на Казахстан и голем неуспех би било ако не го добиеме тој меч, но важно ќе биде и што ќе се случи на другиот меч од групата кој ќе се игра во исто време, помеѓу Велс и Белгија. Во моментов Македонија е прва на табелата со еден бод повеќе од Белгија, а два пред Велс, но Белгијците и Велшаните имаат и одиграно по еден меч помалку. Според симулациите на компјутерот ...

