Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид со 34-30, но во одредени мигови имаа проблеми, откако противникот стигна и до 1 разлика (26-25). Меѓутоа домашните ракометари најдоа сили да дојдат на крајот до триумф, со кој ја продолжуваат трката за титулата во Суперлигата. Охрид на почетокот им нанесе доста проблеми на домашните, откако имаа водство од 1-2 разлика. Но, Е.Пелистер со одлична серија на средината на првиот дел од 6-0 ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34:30 во средбата од 7. коло од плејофот во Суперлигата. „Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат. Популарните „гладијатори“ беа достоинстевн ривал, се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Пелистер е поквалитетен тим и дојде до посакуваниот триумф, победа број шест во оваа фаза. ...