Ракометната репрезентација на Данска е патник во финалето на Светското првенство (СП), со победа над Португалија () која беше хит на овој планетарен собир. Скандинавците му дадоа надеж само краток период во првото полувреме на ривалот, а потоа влегоа во серија и го „сомлеа“ на убедлив начин. Португалија беше близу до 15-14, а потоа ѝ се случи дебакл. До полувремето Данците заминаа на плус од четири гола (20-16), а во вториот дел даваа гол повеќе ...

Репрезентацијата на Данска е ривалот на Хрватска во големото финале на 29. Светско ракометно првенство. Во второто полуфинале кое се играше во Осло, избраниците на Јакобсен уште еднаш потврдија дека се неверојатен тим кој ја уништи Португалија со 40:27, селекција која до овој меч покажа навистина многу и играше квалитетен, моќен ракомет. Меѓутоа Данците се друга димензија и сосема заслужено во недела ќе играат за четвртото светско злато во низа. ...

Ракометната репрезентација на Данска обезбеди пласман во ново мундијалско финале откако ја декласира Португалија со 40-27. В недела во Осло, Данците ќе играат против Хрватска и ќе имаат шанса четврти пат по ред да го освојат најпосакуваниот трофеј. Селекцијата на Николај Јакобсен беше доминантна, на полувремето водеше со 20-16, а во вториот дел зголеми и на двоцифрена разлика. Гидсел беше најдобар стрелец со девет гола, а Шмит постигна осум ...