Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф). Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од ...

Ова е прекрасен празник, кога се сеќаваме на Мајката Божја и на Нејзината закрила кон нас. Таа е нашата заштитничка која не нè остава незаштитени. Со Својот покров, со Својата заштита, Таа нè закрилува, исто како мајка. Таа е Мајката Божја, и следствено и наша духовна мајка. Таа е Мајката на обожената човечка природа, па така следствено и наша Мајка. Таа е Мајка на светот. Таа Го роди Христа, а Христос ја прими на Себе природата на светот преку ...

Денеска е 1 октомври (по стар стил) и се слави Покров на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, која што со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна ...

Утре е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип, а најмногу во Ново Село. Празникот го слави чудото од 10-тиот век, кога Пресвета Богородица се јавила во црквата во Влахерна, Цариград, и го раширила својот покров – наметка – над верниот народ, симболично покривајќи ги сите со својата милост, заштита и мајчинска грижа. Од тогаш, Покров се смета за ден на ...