Четврти ден продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која во понеделникот наутро заминала на училиште, но откако излегла од домот и се губи секаква трага. Алсат ја контактираше мајката на 14-годишното девоче, која рече дека полициските органи интензивно го истражуваат случајот. 14-годишната Вања Ѓорчевска пред неколку дена беше додадена на списокот на исчезнати лица од страна на Министерството за внатрешни работи. Во ...

Четврти ден од исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска. Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди за да се добие информација за исчезнатото дете. Мајката е постојано во контакт со полицијата и се прават сите напори за да се открие трага што ќе укаже што се случило. Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка 58 кг, има коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, ...

МВР деноноќно работи на пронаоѓањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје изјавија за Телма денеска од министерството. Четврти ден се трага по неа, а од вчера се вклучи и Интерпол кој објави информации за исчезнувањето. „Она што ние како Министерство за внатрешни работи го направивме тоа беа разговори со лица со кои што малолетничката имала комуникација и редовно и во претходниот период. Прегледување на снимките од безбедносни камери, кои ...