Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во резиденцијата во Охрид примила делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата. -Дружењето со господарите на зборот, нивното височество поетите покрај брегот на бисерното Охридско Езеро е посебно естетско и духовно доживување. Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од в.д. директорот, Никола Кукунеш заедно со ...

Струга, 24 август 2025 (МИА) - Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка вечерва на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2025 година на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата. На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери ...

Винарската визба „Тиквеш“, која годинава прославува 140 години постоење, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП). Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ е пригоден настан кој се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како резултат на долгогодишното партнерството и поддршката на компанијата на ...