Врие во Белград. Ден пред најавените масовни протести, анонимна дојава за поставени бомби создаде паника. Сопрен железничкиот сообраќај во сите правци. Српската полиција во состојба на готовност, во очекување е да се соберат стотици илјади граѓани. Амбасадата на САД со безбедносно предупредување, да се избегнуваат толпите и критичните места. Има информации дека со трактори е блокиран приодот кон Собранието. Оливер Бранковиќ известува каква е ...

– Десетици полицајци со полна опрема за разбивање демонстрации од доцна попладенво се распоредени пред и во Пионирски парк во Белград каде се под шатори како што ги нарекуваат медиумите – „студенти кои сакаат да учат“. Околу просторот каде се тие се паркирани десетици трактори. Метална ограда има исто така околу паркот, а поставена е и спроти него, пред српскиот Парламент. Полицијата вечерва приведе маж кој синоќа го запалил моторот на еден од ...

Српската полиција ја запрела новинарската екипа на „Слободна Далмација“ на граница, ги тргнала настрана и им ги одзела документите, а откако утврдила дека се новинари, им забранила влез во Србија, јавува Н1. Како што се наведува, новинарите од Сплит добиле документ во кој се објаснува дека тие претставуваат безбедносен ризик. „Слободна Далмација“ пишува дека неофицијално дознаваат оти влез во Србија им бил забранет и на други новинарски екипи од ...