Столе Димитриевски вчера се врати во Валенсија на клупски обврски по тешкиот пораз кој го претрпе Македонија во Кардиф, но пречекот во шпанскиот град не беше воопшто добар, пред се поради фактот што новинар на „Ел Чирингито“ го следеше македонскиот голман од аеродромот, па се до влегувањето во автомобилот. Причина за тоа беа експлозивните изјави кои ги даде Димитриевски при гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, па иако Столе вчера не ...
Tренерот на Валенсија, Карлос Корберан, се сретна со македонскиот голман Столе Димитриевски по контроверзните изјави на Димитриевски во кои тврди дека неговиот соиграч Хулен Агирезабала мора да брани поради договорот на Валенсија со Атлетик Билбао. Корберан прво се сретна со Димитриевски поединечно, по што следеше групна дискусија со остатокот од тимот. Тренерот на Валенсија призна дека македонскиот голман им се извинил и на тренерскиот персонал ...
По се она што се случи во врска со изјавите на Столе Димитриевски, Валенсија парично ќе го казни нашиот голман и тоа поради прекршување на дисциплинскиот кодекс на клубот. Македонецот по враќањето во Валенсија имаше состанок со челниците на неговиот клуб, како и со тренерот Карлос Корберан, кој за медимите во Шпанија истакна: „Димитриевски се врати и разговаравме со него. Прво разговарав со него, а потоа и со целиот тим. Играчот се извини затоа ...

