Најдобриот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, го победи Тејлор Фриц со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) во финалето на завршниот АТП турнир во Торино. Тој пред домашната публика во Италија докажа дека во моментов е убедливо најдобар во светот на тенисот. Синер го доби првиот сет со 6-4 во гемови откако успеа да го одземе сервисот на противникот во седмиот гем. Потоа рутински го приведе сетот до крај. Речиси идентично беше и во вториот сет, со тоа ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер на доминантен начин го освои Завршниот Мастерс во Торино, пред домашна публика го совлада Американецот Тејлор Фриц со 2:0 во сетови (6:4, 6:4). Лидерот на АТП листата и двократен Грен слем шампион оваа година водеше со 3:1 во меѓусебните дуели, меѓу кои и нивната средба во групната фаза на минатосезонскиот АТП турнир, а се појави пред своите навивачи решен да им даде нова причина за заедничко славење. Фриц не се ...

Јаник Синер уште еднаш ја потврди големата форма со која игра во текот на сезоната. Во денешниот меч се играше израмнето се до седмиот гем кога Синер по четири брејк топки поведе со 4-3. Таа брејк предност првиот светски тенисер ја одбрани до крајот на сетот и го освои со 6-4. Слична слика гледавме и во вториот сет кога Синер единствениот брејк го направи во петтиот гем и тој му беше доволен за освојување и на овој втор сет за конечна победа. ...