Денешниот датум 12 јули во православното христијанство е посветен на чествување на светиот Апостол Петар. Меѓу народот празник е познат како Петровден. Апостолот Петар се смета за олицетворение на цврстата и искрена вера. На иконите, светите Апостоли Петар и Павле се претставени заедно: Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч. Утрото на Петровден се оди во црква, а оној кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се ...
Денеска православните христијани го слават Павловден. Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина… Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. ...
Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите ...