Штутгарт е „решен“ да го освои првиот трофеј во сезоната во мечот против Баерн Минхен за Суперкупот на Германија в сабота. „Баерн е еден од најдобрите тимови во Германија, но ова е само еден натпревар и ќе се игра на нашиот стадион. Решени сме да го подигнеме трофејот“, изјави тренерот Себастијан Хенес на прес-конференцијата. „Не треба да имаме надеж дека Баерн ќе дојде во Штутгарт во слаба форма поради покусите подготовки“, предупреди тој. ...

Штутгарт, 17 август 2025 (МИА) – Баерн Минхен синоќа го победи Штутгарт на гостински терен во натпреварот од Суперкупот на Германија со 2:1. Хари Кејн и Луис Дијаз, за кого натпреварот беше негов деби за клубот од Минхен, постигнаа гол за гостите. Џејми Левелинг постигна гол за домаќините. Баерн го освои Суперкупот на Германија по 11. пат и за прв пат од 2022 година. Штутгарт го загуби трофејот по втор пат по ред - минатата сезона загубија од ...

Фудбалерите на Баерн Минхен со трофеј ја започнаа новата натпреварувачка сезона во Германија. Најтрофејниот бундеслигаш ја оправда улогата на фаворит и со минимални 2-1 (1-0) славеше над Штутгарт во домашниот Суперкуп кој што се одигра на „МХП Арена“. Четата на Винсент Компани до посакуваната победа стигнаа со по еден постигнат гол во двете полувремиња. Домашниот отпор прв го скрши Хари Кејн во 18. минута. Англискиот напаѓач одлично одговори на ...