Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам што верувате дека можам да го водам Скопје, изјави на денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за ...
Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност. „Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една ...