Советот на јавни обвинители денеска со едногласна поддршка ја избра Анита Тополова Исајловска за вршител на должноста (в.д.) Државен јавен обвинител. На денешната седница, таа беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во правосудниот систем. Тополова-Исајловска доаѓа на оваа функција од позицијата заменик јавен обвинител, каде што помина подолг временски период. Вршителот на должност јавен обвинител се назначува согласно член 25, став ...
Тополова Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во Обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски. Во рамки на ...
Советот на Јавни Обвинители денеска по предлог на членот Кети Петковска, за в.д. Државен обвинител ја избра обвинителката Анита Тополова Исајловска од составот на Државното Обвинителство на РСМ. Исајловска беше единствена кандидатка и беше едногласно избрана. Исајловска ќе го преземе вршењето на највисоката функција во обвинителството откако претходниот Љупчо Коцевски си даде оставка истиот ден кога требаше Собранието да расправа по владиниот ...

