Хрватскиот стратег Игор Тудор го наследи „жешкото столче“ на клупата на Јувентус од Тијаго Мота за време на репрезентативната пауза. До крајот на сезоната го очекува тешка битка да го доведе својот клуб на место на табелата кое гарантира настап во Лигата на Шампионите следната сезона, а доколку успее во тоа ќе добие и продолжување на соработката. Џиџи Буфон, легендата на клубот кој помина 19 години во Торино го коментираше неговиот ангажман ...

Славниот и долгогодишен голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, во разговор со италијанските медиуми изрази голема поддршка за новиот тренер на „бјанконерите“, Игор Тудор, посакувајќи му многу среќа во новата работа. Тудор пред неколку дена го презеде местото на Тиаго Мота и ќе има задача да ги подобри резултатите на тимот, а Буфон смета дека управата направила одличен избор. „Ќе му треба многу среќа на Тудор, му посакувам само најдобри нешта и се ...