Владејачката коалиција Вреди побара Демократската унија за интеграција да го исклучи Артан Груби од патијата. „Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на ДУИ да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан ...
Коалицијата „Вреди денеска упати јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за преземање конкретни и видливи мерки во насока на зачувување на стратешкото партнерство меѓу Албанците од Македонија и Соединетите Американски Држави. Во соопштението се бара исклучување на Артан Груби од членство во партијата, со цел, како што наведуваат, да се докаже дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. ...
„Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи за криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во земјата“, стои во соопштението од коалицијата. Од Вреди предупредуваат дека јавноста бара ...