Македонската женска младинска репрезентација не успеа да приреди изненадување против фаворитот Исланд. После освоениот бод против Литванија нашите ракометарки се поразени од Исланд со убедливи 48-26. Овој пораз значи дека Македонија ќе игра за пласман од 17 до 24 место. Мечот беше решен во првото полувреме, противникот го отвори дуелот со 7-2, за кратко време поведе со 16-6. На одморот негативата беше 14 гола разлика (21-7). Во продолжение ...

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Валмир Какруки, ги најави претстојните натпревари на националниот тим во претквалификациите за Светското првенство, со надеж за добри резултати и позитивен биланс. Новиот играч на Сигал Приштина смета дека Македонија има добар тим кој поседува квалитет за високи дострели и се надева на добри игри против Унгарија и Романија. „Овој пат сме малку помлади како екипа, ни недостасуваат поискусните играчи. ...

Во последниот меч од првата, групна фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ереван, машката младинска репрезентација на Македонија загуби од Данска со 89-85, и не успеа да се пласира во четвртфиналето, фаза преку која се стигнува до местата кои водат во „А“ дивизијата. Максимално изедначена прва, но и втора четвртина во дуелот кој одлучуваше која од двете селекции со победа ќе ги сочува шансите за премин во четвртфиналната фаза од ...