Охрид, 20. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денот по Богојавление Водици се одбележува како Ден на рибарите или женски Водици. На денешен ден на „Сараиште“, старите рибари ги оставале мрежите да се „пает“, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите. Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во ...

Со денот на рибарите денеска продолжија богојавленските чествувања и празникот Собор на Свети Јован Крстител во Охрид. Според традицијата денеска се капат рибарите во Охридското Езеро, а со овој ден порано се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболовот. Но, поради забраната за изловување риба, празникот охриѓани денеска го одбележаа со староградска музика, топла ракија, по некоја охридска плашица, а среќниот ...

Со групно капење во езерото младите верници од Охрид, денеска на празникот Свети Јован Крстител, кој се одбележува и како Ден на рибарите ја продолжија традицијата на своите предци, кои на тој начин ја искажувале својата приврзаност кон езерото. „На Свети Јован завршувала забраната, забрана за ловење на пастрмка, затоа што во овој период се мрести во езерово. Кога ќе завршел татиљот, првото фаќање на риби се крстеле и влегувале во вода да се ...