До 18:30 часот на 9 август 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, информираат надлежните служби. Од нив, активни се два пожари: Под контрола во моментов нема ниту еден пожар, додека изгаснати се 17 пожари во различни општини, главно зафаќајќи ниска вегетација или запалено ѓубре. Меѓу нив се локации во општините Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, Карбинци, ...
На територијата на државата, во текот на деешниот ден биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор. Од нив, активни се два, и тоа пожарот во Националниот парк „Јасен“, каде што гори мешана шума на територијата на Општина Македонски Брод, како и во селото Крапа, каде што горат ниска вегетација и нискостеблеста шума. Поради пожарот во „Јасен“, утринава целосно беше затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот ...
До 21:00 часот на 11 август 2025 година, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, информираат надлежните служби. Од нив, четири пожари се сè уште активни: Во текот на денот биле изгаснати осум пожари во различни региони на државата, меѓу кои во Босилово (с. Сарај), Куманово (с. Табановце), Врапчиште (помеѓу с. Ломница и с. Калиште), Тетово, Кочани, Ресен (с. Долно Дупени), Ново Село (с. Старо Коњарево) ...
Состојбата со пожарите утрово До 9 часот наутро, Центарот за управување со кризи регистрираше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 21 се изгаснати, а само еден останува активен. Активниот пожар е во срцето на Националниот парк „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Засилени екипи на терен Поради тоа што се работи за заштитено подрачје со голема природна вредност и разновиден животински свет, на локацијата е распоредена ...