Фудбалерите на Интер не дозволија нов кикс во Серија А и потешко од очекуваното и по пресврт славеа над Монца со 3-2 (1-2), во највозбудливиот натпревар од 28. коло од италијанскиот шампионат. По мирниот старт првото вистинско возбудување пристигна во 24. минута, кога Лаутаро Мартинез стрелаше за 1-0, но по прегледите во ВАР собата неговиот погодок беше поништен поради недозволена игра со рака. Откако среќата им го сврте грбот на домаќините, на ...
Интер со пресврт од 0-2 до 3-2 ја победи Монца и така Нераѕурите од Милано и после ова коло ќе бидат лидери на табелата во Серија А, додека Монца е последна и пред испаѓање. Гостите имаа сензационално водство од 2-0, но во финишот на првото полувреме Арнаутовиќ намали на 1-2 и како да го најави пресвртот. Чалханоглу со убав гол со шут од далечина израмни на 2-2, а во 78-ма минута часовникот на судијата покажа дека Интер дал гол во ситуацијата ...
Монца останува главен фаворит за преселба во Втората италијанска лига и после солидното издание кое го имаше на „Џузепе Меаца“, од едноставна причина што дозволи пресврт на Интер во ситуација кога водеше со 0:2. Избраниците на Алесандро Неста ги онерасположија и вознемирија навивачите на Интер во првото полувреме со двата погодоци на Бириндели и Кеита Балде, но веднаш по мајсторскиот гол на поранешниот играч на „нераѕурите“, домаќините ...