Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Словенија на гостински терен во Копер, но тоа не е единствената лоша вест за нашиот ракомет, затоа што можно е сезоната да е готова за средниот бек Марко Митев. 22-годишниот ракометар се повреди лошо во средината на првото полувреме и беше изнесен на носилки. Првичните прогнози не се оптимистички затоа што според снимката и изразот на лицето на ракометарот, скоро сигурно повредени се предните ...

Средниот бек на Алкалоид и македонската репрезентација, Марко Митев, ја заврши сезоната. Митев се повреди во неделата на натпреварот Словенија - Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Средниот бек се повреди на почетокот на 19-тата минута. Во тој момент беше јасно дека повредата не е наивна. Прегледите покажаа е дека ги повредил лигамнетите во коленото, поради што за него оваа сезона е завршена. Не е познато колкава ...

Ракометната репрезентација на Македонија се соочува со голем проблем со пресрет на клучните битки за пласман на Европското првенство. Во мај играме против Естонија на гости и против Литванија на домашен терен, а селекторот Кирили Лазаров нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите ракометари во нашата селекција, Марко Митев. Дваесет и двегодишниот ракометар се повреди на дуелот против Словенија во Копер и на носилки беше изнесен од ...