Екипата на Аталанта го одржува чекорот со водечката тројка во Серија А и славеше со огромни 0-5 (0-3) на гостувањето кај Емполи во натпреварот од 26. коло. Гостите од Бергамо поведоа со автоголот на Гиаси, а потоа во листата на стрелците се запишаа уште двапати Адемола Лукман и по еднаш Матео Ретеги (впиша и асистенција) и Давиде Запакоста. Тимот на Џан Пјеро Гасперини имаше убедливи 0-3 на паузата, а во второто полувреме само рутински ја ...

Аталанта го разби Емполи со 5-0, немаше никаква неизвесност на мечот, па најголемо внимание и реакции предизвика моментот од 76-та минута кога Адемола Лукман излезе од игра и не се поздрави со тренерот Џанпјеро Гасперини. Лукман даде два гола против Емполи, сега има 11 погодоци сезонава во Серија А, и во моментов е единствен фудбалер кој дал 10 или повеќе голови во секоја од последните три сезони во италијанскиот шампионат. Аталанта е на само ...

Адемола Лукман се најде во крајно непријатна позиција по елиминацијата од Клуб Бриж во Лигата на шампиони, сето тоа како последица на понижувачката изјава која ја даде Џан Пјеро Гасперини за својот напаѓач. Тренерот на Аталанта посочи дека Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали и дека тој не требал да ја изведе најстрогата казна која заврши без гол, па тоа направи Нигериецот да мине низ навистина тензични денови во Бергамо, во кои доби ...