Македонската фудбалска репрезентација за околу ден час на Астана Арена во Казахстан ќе го стартува четвртиот квалификациски дуел од оваа Мундијалска кампања. Противникот е Казахстан против кого сме реално фаворити со оглед на моменталната ситуација, па затоа и ќе стартуваме со офанзивен состав. На голот стандардно е Димитриевски, во одбраната се Алиоски, Зајков, Муслиу и дебитантот Стефан Деспотовски. Следуваат, Костадинов, Барди, Чурлинов и ...
Првото полувреме во Астана изобилуваше со офанзивна игра на двете страни. Првите минути ги имаше Македонија, Алиоски се обиде од косо во шестата минута, голманот на Казахстан, Сејсен одбрани. Пет минути подоцна се обиде Елиф Елмас, но неговиот млак шут од далечина беше лесен плен за Сејсен. Во следната минута се обиде Чурлинов, но домашниот голман повторно беше на висина на задачата. Следуваше период на Казахстан кој почна со шут на Кенжебек кој ...
Македонската фудбалска репрезентација запиша уште една важна победа во квалификациите за Светското првенство, откако на гостински терен ја совлада селекцијата на Казахстан со минимални 0:1. Херој на вечерта повторно беше Александар Трајковски, кој во 33. минута маестрално погоди за водство и, како се покажа, конечен резултат. Со оваа победа, Македонија се искачи на врвот на табелата со 8 бодови од 4 натпревари, оставајќи го Велс (7 бодови) зад ...