Две лица загинаа ноќеска во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, изјави денеска регионалниот гувернер Роман Бусаргин. Во изјава на Телеграм, Бусаргин напиша дека две лица загинале, а неодреден број биле ранети во напад врз станбена зграда во градот. Саратов, кој се наоѓа на реката Волга на околу 625 километри од украинската граница, во последните години е предмет на повторени напади со дронови, насочени кон неговата рафинерија за ...
Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека 12 лица се убиени во пукотница на плажата Бонди насочена кон еврејската заедница. Уште 29 лица се однесени во болница. Како што пренесува Би-би-си, нападот се случил додека на плажата се одржувал настан за одбележување на почетокот на Ханука, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата „Ноќта на мир и радост“ беше „разбиена“ од „ужасен, злобен напад“, вели премиерот на Нов Јужен Велс, ...
Двајца американски војници и еден цивилен преведувач загинале во напад на „Исламска држава“ (ИД) во Сирија, соопшти Министерството за војна на САД. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, додаде дека во нападот биле ранети и три лица, а напаѓачот бил застрелан на местото на инцидентот. Парнел прецизираше дека нападот бил извршен во градот Палмира, во пустинскиот регион во централната сириска провинција Хомс. Американската војска во таа област ...

