Општина Кисела Вода деновие прославува 70 години од своето постоење. Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи сподели дел од синоќашната атмосфера. На забавата синоќа главна ѕвезда беше, светски познатиот диџеј Роџер Санчез. Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите оние што беа дел од овој неверојатен концерт, за кој како што вели, каков што Скопје не памети. „Вашата енергија, насмевки и поддршка создадоа атмосфера што ...
Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода, кое годинава се одвива под слоганот „Сѐ на свое место“, синоќа продолжи со втората вечер, што се одржа во Драчево. Настанот започна со настап на културно-уметничкото друштво „Китка“од Драчево, кои преку ора и песни ја донесоа македонската традиција на сцена. Следуваа настапите на докажаните македонски музички имиња: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски, кои со ...
Сцената ја отвори ДЏ Матс со енергичен сет, а по него следуваа одличните настапи на ДЏ Ампов и ДЏ Деан Мицкоски, кои ја подгреаја атмосферата до максимум. Ноќта кулминираше со појавувањето на американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, кој ја раздвижи публиката со двочасовен сет кој ќе остане запаметен како едно од најголемите музички доживувања во Скопје. Пред почетокот на главниот настап, на сцената се појави градоначалникот на Кисела ...