Вечерва во хотелот „Холидеј-Ин“ во Скопје се одржа петтото јубилејно издание на свеченото доделување на наградите „Златна Олимпија“. Манифестацијата посветена на исклучителните достигнувања и придонеси на жените во македонскиот спорт и оваа година ги вреднуваше најуспешните постигнувања, резултати и работа во повеќе категории. Како платформа за афирмација на женскиот спорт и охрабрување на идните генерации спортски таленти, вечерва специјални ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на спортот во женска категорија и промоција на родова еднаквост. За „Најуспешна спортистка“ во 2025 година е прогласена Милијана Релиќ, која освои сребрен медал на Г‑1 турнирот во Криштианштад, Шведска, со што заработи дополнителни 7.20 олимписки поени кон ...
Во категоријата „Најдобрa женска национална репрезентација“, наградата ја освои Фудбалската репрезентација до 17 години, која постигна историјски успех со освојување на првото место во групата на квалификацискиот турнир (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата за Европското првенство. Во тренерската категорија, како „Најуспешна тренерка“ беше наградена Катерина Милеска, селекторка на оваа репрезентација, за нејзината посветеност и стратегија ...

