Екипата на Пелистер со пораз од Цедевита Јуниор (76-94) ги отвори настапите во Европа Купот на ФИБА, во кој настапува откако испадна во квалификациите за Лигата на шампионите. „Зелените“ на премиерата беа инфериорни и цел меч во негатива. Само во првиот квартал пелистерци двапати водеа и тоа минимално, а се останато беше во знакот на Цедевита која наметна свое темпо на стартот. По првите десет минути, хрватскиот клуб имаше 24-20, предност од ...
Пелистер не успеа да дојде до сензационален резултат против Барселона, на домашен терен беше совладан со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. За македонскиот првак ова беше четврти пораз во низа. Никола Митревски имаше 12 интервенции, Хенигман и Манасков беа стрелци на осум погодоци. На другата страна Мем имаше шест гола исто колку и Макуц. Добри 20 минути за актуелниот македонски првак против каталонскиот гигант во првото ...