Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, пријателскиот против Саудиска Арабија (04. септември, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за СП 2026. Најдобриот национален тим е во комплетен состав откако денеска пристигнаа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Двајцата во текот на вчерашниот ден официјално потпишаа договори со своите нови клубови, Елмас како ...
Трајковски со еден од најубавите голови на македонската репрезентација донесе водство против Саудиска Арабија, но по неговиот погодок примивме два гола и го загубивме мечот. Сепак, главниот фокус на нашата репрезентација е на мечот во недела против Лихтенштајн, а денешниот меч беше само подготовка за тоа. „Дадов прекрасен гол, среќен сум поради тоа, но за мене најважен е резултатот бидејќи сите играме како тим. Денеска ова беше контролен ...
Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски не е разочаран по поразот од Саудиска Арабија. Милевски потенцираше дека ова беше пријателски меч кој беше искористен да се направат некои нови варијанти, да се испробаат некои други тактички замисли и да се види формата на оние кои вообичаено помалку се на теренот кога игра Македонија. „Секако дека има моменти кои прават да сум задоволен од овој натпревар со Саудиска Арабија. ...