Кина се противи на предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп за насилно раселување на Палестинците од Појасот Газа и се залага за решение со две држави, Палестина и Израел, како одговор за постигнување траен мир на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан. -Се надеваме дека сите релевантни страни ќе го прифатат прекинот на огнот во Газа и повоената администрација како можност ...

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека Абделати на средбата во Вашингтон ја истакнал важноста да се забрза обновата на Газа, а Палестинците да останат во областа. Абделати рече дека ѝ се радува на соработката со новата американска администрација за да се постигне „сеопфатен и праведен мир и стабилност во регионот“, се вели во соопштението. Египетското Министерство за надворешни работи, исто така, истакна дека меѓународната ...

Саудиска Арабија потврдува дека категорично ја отфрла изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа, соопшти утрово саудиското Министерство за надворешни работи. Израелските власти предложија формирање на палестинска држава на саудиска територија. Во интервју за израелскиот канал 14, Нетанјаху по грешка рече „Саудиска држава“ наместо „Палестинска држава“ додека одговараше на новинарско ...