Матијас Гидсел според многумина е најдобар светски ракометар во овој момент, а како лидер на својот Фуксе Берлин, Данецот денеска одигра само девет минути во полуфиналето со Нант. Гидсел постигна два погодоци во тој период, по што направи ретко видена глупост на ракометниот терен, со која за момент ги исплаши фановите на германскиот тим. Данецот со лизгачки старт во стил на фудбалски дефанзивец го покоси крилото на Нант и доби исклучување во ...
Новиот германски првак Фуксе Берлин, е прв финалист во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Берлинскиот тим беше убедлив против Нант во полуфиналето во Келн пред 20.074 гледачи што е рекорд на „Ланксес арената“, со резултат 34-24. За тимот од Берлин ова е прво финале и ќе имаат обид за прва европска титула, со која би потврдиле дека ја имаат најуспешната сезона во својата историја, откако пред пет дена ја прославија шампионската ...
Ракометарите на Фуксе Берлин се првиот финалист на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако убедливо го совладаа Нант со 34-24 (18-12) во „Ланксес арената“. Дебитантот на Ф4 во Келн одигра убедливо, иако многу рано остана без првата ѕвезда Матијас Гидсел. Момците на Зиверт доминантно го надиграа ривалот Стартот беше израмнет, а прв до предност поголема од гол стигна Фуксе преку Лихтлејн (4-2). Германскиот колектив почна да се наметнува ...