Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, забележа победа над Македонија Ѓорче Петров (2-1) и се круниса себеси за есенски првак по шест сезони пауза. Избраниците на Гоце Седлоски ја заокружија перфектната есен со пресврт-победа на гостувањето во Ѓорче Петров. Човек на натпреварот беше Азер Омерагиќ, напаѓачот кој постигна два гола во мрежата на ривалот и донесе многу важна победа. Центарфорот покажа чувство за гол ...

Вардар по пауза од шест години одново е есенски првак. Конечно најтрофејниот покажа дека е и најдобар. На 16 меча Вардар успеа да победи на 13, на три одигра без победник и ниту еднаш не доживеа пораз. Тимот на стратегот Гоце Седлоски успеа да освои 41 бод, еден повеќе од втората Стрга ТЛ и до февруари ќе го носи епитетот – ЕСЕНСКИ ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА. Попладнево во Ѓорче овој тим на Седлоски покажа дека има и тоа како карактер. Иако требаше да ...

Вардар е новиот есенки првак. Лидерот на табелата успеа да триумфира против Македонија ЃП на гостински терен, и така да ја одбрани првата позиција, на која ќе презими до почетокот на пролетниот дел од сезоната, кога ќе се обиде да дојде до титулата во ПМФЛ. Натпреварот можеше да има сосема поинаков епилог, откако гостите се намачија да стигнат до пресврт, откако имаа негатива на стартот од вториот дел. Вардар имаше најмалку шест сериозни шанси ...